• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Невладините во Тетово бараат повеќе зеленило во градот

Невладините во Тетово бараат повеќе зеленило во градот

Тетово, 24 април 2018 (МИА) - Со зелен теписон на градскиот плоштад како и дрва и палми напарвени од отпадоци собрани од тетовските улици  активистите од неколку невладини организации од Тетово со симболичен пикник на градскиот плоштад  од локалната самоуправа побараа да го зголеми зеленилото во градот.

- Нашата акција е да се покрие сиво со зелено зошто многу малку имаме зеленило особено во централното подрачје на Тетово. Со овој наш перформанс праќаме порака до надлежните дека треба да има повеќе зеленило низ градот, рече Гзим Нухиу.

Тој посочи дека кога побарале дозвола од градските власти за организација на настанот ги повикале и претставниците на општината да дојдат но не добиле потврден одговор и оти никој од локалната власт не ја посетил активноста.

Лус Отон е  25-годишна девојка од Франција која во Тетово е на студиски престој. -Мило ми е што можам да дадам придонес во вакви настани во кои младите посочуваат проблем како што е недостиг на зеленило. Нема места каде луѓето може да поминат квалитетно време. Во градот каде што живеам во Франција имаме повеќе поголеми паркови и тие се отворени за сите, а за нив се грижи општината, изјави Лус.

Според Законот за урбано зеленило донесен во јануари годинава како стандард е поставено да постои 25 метри квадратни по жител зелена површина во сите идни генерални урбанистички планови како и најмалку 20 отсто зелена површина на секоја градежна парцела зависно од намената и локацијата.ас/скс/15:35

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...