Амбасадорите го чистеа кејот на реката Вардар

Амбасадорите го чистеа кејот на реката Вардар

Скопје, 26 април 2018 (МИА) - Под мотото „Исчисти, Твитни“ денеска се одржа волонтерска еко-акција за чистење на кејот на Вардар со која беа опфатени патеките и бреговите од двете страни на реката во централното градско подрачје на Скопје.

Акцијата, која се промовираше и преку твитер, ја организираа Пивара Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија и компанијата Пакомак, а кон акцијата се приклучија и британскиот амабасадор Чарлс Герет и амбасадорот на САД Џес Бејли со нивните тимови. 

Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје рече дека преку ваквите еко-акции сакаат да упатат порака и апел кон останатите компании и целото општество дека сите треба да го преземат својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираат во решавањето на проблемот со загадувањето, со што ќе создадеме одржлива иднина за нас и за следните генерации.

Холамндскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп ги поздрави учесниците на годинешната акција, која воедно е и дел од активностите за одбележување на „Денот на Кралот“ – националниот празник на Холандија.

- Го споивме убавото со корисното и уште еднаш се обидовме да го дадеме својот придонес за намалување на загадувањето кое е голем проблем за луѓето и за природата. Единствен ефикасен начин за трајно надминување на овој проблем е повеќе работа, посветеност и соработка меѓу јавниот сектор, компаниите и граѓаните. Со нашиот денешен ангажман сакаме да покажеме дека секој од нас може да даде личен пример за другите и да го поттикне решавањето на кој било проблем, истакна Пломп.

Ова е трета по ред волонтерска еко-акција што ја организираат Пивара Скопје, Пакомак и Амбасадата на Холандија. Во претходните две акции беа исчистени брегот и водите на езерото Матка, како и кејот на реката Вардар. Целокупната логистичка поддршка за соодветен транспорт, селектирање и рециклирање на собраниот отпад ја обезбеди Пакомак. вг/са/14:09

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...