• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Се врши анализа за загадувањето на Брегалница, резултатите наредната недела

Се врши анализа за загадувањето на Брегалница, резултатите наредната недела

Штип, 28 април 2018 (МИА) - Локален и државен инспектор за животна средина го истражуваат случајот со загадувањето на реката Брегалница во штипскиот регион. Пред два дена реката  беше обоена од тешки хемикалии, кои се користат во индустријата.

Сенка Андреева инспектор за животна средина во Општина Штип вели дека се земени мостри од пет фабрики во кругот на поранешниот комбинат „Македонка“. Токму и од колекторот за отпадни води кој го користат овие фабрики се испушти вода, која во првиот момент беше црвена, потоа сина и на крајот црна. Таа вели дека резултатите ќе се знаат наредната недела.

- Земени се мостри се вршат анализи, но во моментов не можеме да кажеме кој е конкретниот загадувач, додека не ги добиеме резултатите, вели Андреева.

Штипските риболовци веќе шеста година по ред реагираат на постојаното загадување на најголемата река на истокот, но како што велат не се преземаат мерки против оние кои ја загадуваат. Водата во реката Брегалница е од петта категорија. Засега грижа за поголема заштита на реката Брегалница и на нејзините притоки покажува швајцарската агенција за развој и соработка. Со нивни донации се изградија пречистителни станици во општините Берово, Карбинци и Чешиново-Облешево, во моментов се гради и во  Кочани, која е и најголема.  Штип засега нема пречистителна станица, но се надева дека преку донации и со помош на Владата нејзината изградба би започнала наредната година.вдј/скс/15:55

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...