Се чистеше депонија на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино

Се чистеше депонија на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино

Струмица, 5 мај 2018 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, дел од членовите на Советот и екипи на ЈПКД „Комуналец“ денеска ја чистеа дивата депонија на патот Струмица-Валандово, кај селото Костурино.

Акцијата за чистење е во рамки на кампањата што ја иницираше раководството на ЗЕЛС и се реализира во сите општини во државата.

Градоначалникот Јаневски истакна дека акцијата е продолжување на претходните кои се реализираа во општината.

- Апелирам до сите наши сограѓани да внимаваат каде го фрлаат отпадот. Во овој период многу внимателно ќе се набљлудува каде се врши фрлањето, но и инспекциските служби ќе се на терен и не би сакал да доаѓаме во непријатни ситуации да се изрекуваат казни. Сметам дека чистотата, зеленилото и уредениот град се наши приоритети, рече градиначалникот Коста Јаневски.

Од ЈПКД „Комуналец“ појаснуваат дека избраната локација за чистење е поради сздавање навика кај локалното население организирано да се изнесува и собира ѓубрето.

- Пред извесен период во населеното место Костурино почнавме со пробно собирање на сметот од домаќинствата и тоа два пати неделно. Целта е граѓаните да се стекнат со навика да го инесуваат сметот, а ние да го собираме. Затоа избравме заедно со општината да ја чистиме оваа депонија и се надевам дека во наредниот период нема повеќе тука да ги фрлаат ѓубрето и сметот, рече Зоран Горгиев, директор на ЈПКД „Комуналец“.

Тој додаде дека акцијата за чистење во општина Струмица ќе трае во текот на целиот месец.рт/лв/12:47

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...