• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Кавадарчани сами празнат специјализирани контејнери за пластика

Кавадарчани сами празнат специјализирани контејнери за пластика

Кавадарци, 8 мај 2018 (МИА) - Кавадарчани сами празнат специјализирани контејнери за пластика за да заработат од отпадот. На ова денеска реагираа Јавното претпријатие „Комуналец” кое ги постави контејнерите и Регионалното еколошко друштво „Еко-живот”. 

- Со оваа постапка поединци не само што ризикуваат да бидат повредени, туку и ја нагрдуваат околината. Општината и „Комуналец” неодамна ги поставија овие контејнери во соработка со „Пакомак” за поубав и почист град, за селектирање и рециклирање на отпадот, рекоа од „Комуналец”.

Оттаму уште еднаш апелираа до несовесните граѓани да не ги празнат сами специјализираните контејнери кои инаку се празнат со специјални возила. Истовремено повикаа сите вакви случаи да се пријават во претпријатието или полицијата.

И претседателот на „Еко-живот” Роберто Паризов изрази незадоволство од ваквата постапка на поединци. Осудувајќи ја, повика на поголема еколошка свест и грижа за животната средина. свд/мч/15:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ