• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Чистење на терените на Попова Шапка

Чистење на терените на Попова Шапка

Скопје, 12 мај 2018 (МИА) - Во ски - центарот „Попова Шапка“ денеска ќе се спроведе еколошка акција за да се исчистат терените и околината по завршувањето на зимската сезона.

Акцијата има задача да ја подигне свеста за заедничката одговорност и придонес во зачувување на природните убавини и туристичките предели.

Во акцијата ќе учествуваат сите вработени од ски - центарот, како и голем број граѓани и активисти.

За сите заинтересирани ќе има бесплатен превоз кој ќе поаѓа од местото „Жичара“ во Тетово во девет часот.

Акцијата е во организација на „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје -Подружница „Попова Шапка“. дма/мч/08:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ