Запален пластичен контејнер во Кавадарци

Запален пластичен контејнер во Кавадарци

Кавадарци, 12 мај 2018 (МИА) - Несовесни граѓани запалија пластичен контејнер, кратко откако контејнерите беа поставени за селектирање на отпадот во Кавадарци. Од Јавното претпријатие „Комуналец” кое ги постави контејнерите во соработка со општината и компанијата „Пакомак”, денеска изразија незадоволство од ваквата постапка и упатија апел ваквите несакани работи да не се повторуваат. 

- Неопходно е сите да се вклучат во акцијата за почисто и поубаво Кавадарци, за ваквите непромислени постапки да бидат само минато, нагласи Јован Ристов, раководител на Секторот за хигиена при „Комуналец”.

Заедно со еколошкото друштво „Еко-живот” повикаа од страна на надлежните да се откријат и казнат виновниците. Истовремено повикаа на поголема еколошка свест кај населението.

Несовесните постапки ги осудија и од Локалната самоуправа, изразувајќи надеж дека ова нема да се случува и во иднина.

Само пред неколку дена, на истиот потег во градот, несовесни граѓани насила празнеа контејнер за пластика, иако тој треба да се празни со специјално возило. свд/дма/10:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...