Еколошка акција во Росоман, отпад собираше и градоначалникот

Еколошка акција во Росоман, отпад собираше и градоначалникот

Росоман, 12 мај 2018 (МИА) - Вработените од локалната ссмоуправа Росоман, росоманското Јавно претпријатие за комунални дејности, детската градинка „Праскичка” и волонтери од Основното општинско училиште „Пере Тошев”, денеска реализираа еколошка акција за почиста и поубава општина. Отпад собираше и градоначалникот Бранко Јанев. 

- Ги чистевме дивите депонии покрај Црна Река и регионалните патишта кон Прилеп и Кавадарци. Целта е почиста и поздрава животна средина и зголемена еколошка свест, информираа од Службата за односи со јавноста при општината. 
 
Оттаму нагласија дека локалната самоуправа и понатаму останува посветена на решавање на еколошките проблеми, заради подобар живот на сите росоманчани. свд/сст/15:09

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ