Еко-пикник и работна акција на излетничкиот локалитет „Св.Ѓорѓија“ во Делчево

Еко-пикник и работна акција на излетничкиот локалитет „Св.Ѓорѓија“ во Делчево

Делчево, 16 мај 2018 (МИА) - Педесетина делчевчани се вклучија во еко-пикникот и работната акција за реконструкција и уредување на излетничкиот локалитет Св. Ѓорѓија, што ги организираше невладината организација КХАМ од Делчево.

Во акцијата беше изграден летниковец од дрвена конструкција, беа поставени нови клупи и маси, се обнови постојната урбана опрема и се исчистија дивите депонии во околината на локалитетот.

еко акција летниковец делчевоГлавна цел на активноста беше подигање на јавната свест за различните можности што ги има секој поединец за придонес во заедницата, како и колективното вклучување за решавање на одредени проблеми што ќе се оценат како приоритетни.

- Нашата акција покажаа дека соработката на граѓаните со локалните институции е возможна, а со желба и проактивност може да се случи промената што сите сакаме да ја видиме. Очекуваме да продолжи ентузијазмот кај граѓаните да влијаат врз промените, но и совесно и грижливо да се грижат за урбаната опрема и природната средина, рече Ромина Кајтазова од НВО КХАМ – Делчево.

Акцијата се реализираше во рамки на иницијативата „Мрдни со прст“, а во соработка со Локалниот младински совет од Делчево.та/лв/15:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...