Ученички еко-квиз во Кавадарци

Ученички еко-квиз во Кавадарци

Кавадарци, 18 мај 2018 (МИА) - Кавадаречката локална самоуправа, Еколошкото друштво “Тисовец” од село Возарци и “Фени индустри”, денеска во Кавадарци по четврти пат организираа еко квиз за ученици.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ја поздрави организацијата на квизот и поддршката од компанијата “Фени индустри”.

- Сите се стремиме кон екологија и поздрав живот, нагласи градоначалникот, посакувајќи традиционална соработка со еколошкото друштво.

На овој квиз, досега имаат учествувано околу две илјади ученици од петто одделение.

Своето задоволство од соработката со еколошкото друштво и Секторот за образование при општината, во изјава за медиумите го изрази и Ванчо Филковски од „Фени индустри”.

Сашко Данов, претседател на еколошкото друштво, изрази надеж дека досегашната соработка ќе продолжи и во иднина. свд/сст/15:26

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ