Еко-кампања за реупотреба на стари исправни апарати

Еко-кампања за реупотреба на стари исправни апарати

Скопје, 22 мај 2018 (МИА) -  Покревање на свеста за придобивките од селектирањето и реупотребата на стари, а сепак исправни апарати, а со тоа и негово намалување, е целта на здружената еко-кампања на колективниот постапувач Нула Отпад со Црвен Крст на Република Македонија и СОС Детското Село.

Колективниот постапувач Нула Отпад, а со поддршка на Црвениот Крст на Репулика Македонија и СОС Детското село ќе има пристап до социјално загрозени семејства на кои им е неопходен одреден уред во домот за да го остварат основното правно на пристоен живот.

- Имајќи предвид дека отпадот во Македонија е сериозен еколошки проблем, пристапот што го предвидува оваа еко кампања I/ChoseToReuse дава одлично решение за решавање на неколку сегменти на овој еколошки проблем, намалување на е-отпадот и негова реупотреба.

Во рамки на кампањата ќе се овозможи од граѓаните кои пријавуваат е-отпад на ЕКО Линијата 070 236 000 до социјално загрозените семејства да стаса исправен и функционален уред.

Република Македонија има проблем со нестандардизираните општински депонии каде завршува околу 70 отсто од отпадот (490,000 тони годишно), а останатите 30 отсто завршуваат на непознати локации, најчесто долови, реки и покрај патишта, покажуваат податоците од Национален план за управување со отпад на РМ 2009-2015). сст/скс/07:50

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ