• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

ТК „Македонка“ ја загади водата на Брегалница пред еден месец

ТК „Македонка“  ја загади  водата на Брегалница пред еден месец

Штип, 23 мај 2018 (МИА) - Затнување на еден од каналите за отпадна вода од поранешниот текстилен комбинат  „Македонка“ е причина за загадувањето на Брегалница што се случи кон крајот на април.

Општинскиот инспектор за животна средина, Сенка Андреева вели дека според нивните анализи и  анализите на Државниот инспекторат за животна средина  настанала еколошка хаварија, со што од каналот излезе отпадна вода во различни бои и директно овие тешки хемикалии, кои се користат за боење на текстил се испуштија во реката. Општинските и државните инспектори за животна средина извршиле контрола на фирмите сместени не само во кругот на „Македонка“, туку и во ТИР зоната. Кај три фирми што се занимаваат со боење ткаенини откриени се технички  пропусти.

- Постојат виновници, а не можеш да кажеш, токму тој е, затоа што верувајте дека постојат повеќе инсталации кои влегуваат во една канализациска мрежа, вели Андреева.

Фирмите во кои се утврдени технички пропусти даден им е рок да ги отстранат, во спротивно  им се заканува казна од шест до 20 илјади евра.вдј/скс/14:36

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ