• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Ќе се основа Агенција за животна средина со новиот План за управување со отпад

Ќе се основа Агенција за животна средина со новиот План за управување со отпад

Скопје, 4 јуни 2018 (МИА) - Основање на Агенција за животна средина на Република Македонија како и вклучивањето на  дополнителните текови на отпад во системот на проширена одговорност на производителите, предвидвидува новиот План за превенција од создавање отпад, информираа денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање на презентацијата на стратешките докумети за континуираниот пораст на стапката на рециклирање на отпад.

Агенцијата, како што појасни раководителот на секторот за управување со отпад при Управата за животна редина и просторно планирање Ана Каранфиловска-Мазнова, има цел да ги одвои обврските на Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е водењето и креирање политики.

- Агенцијата би ја имала улогата на имплементатор на тие политики, првенствено како водење на евиденција и собирање на податоци, издавање дозволи, односно имплементација на регулативата, рече Каранфиловска-Мазнова.

Постојаниот твининг преставник во Македонија Греам Брн појасни дека  новиот план предвидува производителите на искористените возила, гуми, масла и стариот текстил да имаат обврска и да бидат одговорни за отстранувањето и за рециклирањето на отпадните материјали кои ги создаваат.

Според Брн, Националниот план за управување со отпад ги дефинира и целите кои Македонија треба да ги исполни со определена временска динамика согласно активностите на државата за приклучување кон ЕУ.

- Се дефинира и комуникациска стратегија кој има цел национално обезбедување на потребните информации во однос на реализација на динамиката од Националниот план, како и информирање на граѓаните за нивната активност за исполнување на тој план, истакна Брн.

Раководителот на секторот за управување со отпад при Управата Каранфиловска-Мазнова додаде дека планот не предвиддува облигаторни обврски кои се пропишани со закони туку тоа ќе бидат препораки во однос на намалување на создавањето на отпадот или негово рециклирање.

Во однос на разликите од стариот план, од МЖСПП појаснија дека со новиот план се изготвени и регионални планови за управување со отпад кои детално ќе пропишат како националните планови ќе бидат спроведени. бк/са/13:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ