• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Светски ден на животната средина

Светски ден на животната средина

Скопје, 5 јуни 2018 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина, во соработка со Град Скопје и општините во градот, денеска организира забавно-едукативен настан со кој ќе се вклучи во глобалното одбележување на 5 Јуни - Светскиот ден на животната средина.

Годинашново одбележување на овој значаен еколошки ден е посветено на глобалните заложби за намалување на загадувањето од пластика. 

Преку игра, песна, едукација, еко-трикови околу 300 ученици од девет скопски основни училишта кои во текот на учебната 2017/2018 година собраа најмногу пластични шишиња и ги предадоа за рециклирање на ПАКОМАК, ќе ја пратат пораката дека се подготвени да го сменат своето однесување кон пластиката и со тоа да се грижат за животната средина, живиот свет и сопственото здравје, наведуваат организаторите.

На настанот предвидено е да се обратат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули,  градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, претставникот на УНЕП Искра Стојанова и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон.  

Во настанот, што ќе се одржи на отворената бина на „Школката“ во Градскиот парк во Скопје, ќе се вклучат и колективните постапувачи со отпад ПАКОМАК и НУЛА ОТПАД, ЈПКомунална Хигиена, ЈСП, Титан УСЈЕ и Скопска Пивара. вг/са/07:33

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...