• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Регионалната депонија кај Ново Конско ќе ја финансира Владата

Регионалната депонија кај Ново Конско ќе ја финансира Владата

Гевгелија, 5 јуни 2018 (МИА) - Општина Гевгелија не располага со потребните финансиски средства што треба да ги обезбеди за основање на регионалниот систем за управување со отпад, поради што Советот донесе одлука за пренесување на надлежностите на Владата на РМ која ќе ја финансира изградбата на времената депонија за комунален отпад кај Ново Конско.

- Вкупната инвестиција за основање на регионалниот систем за управување со отпад изнесува 18,6 милиони евра од кои минималните финансии што според бројот на жителите треба да ги обезбеди општина Гевгелија изнесуваат околу 2,5 милиони евра, средства со кои општина Гевгелија не располага. Поради тоа беше донесена одлуката за пренесување на надлежностите на Владата на РМ, се вели во образложението.

Времената депонија за комунален отпад, која се гради кај селото Ново Конско преку УНДП со јапонски грант, треба да биде готова до крајот на август и ќе биде дел од регионалниот систем за управување со отпад.им/са/12:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ