Еко акција на Тиквешко Езеро

Еко акција на Тиквешко Езеро

Кавадарци, 5 јуни 2018 (МИА) - Еко  акција на Тиквешкото Езеро реализираше денеска Еколошкото друштво “Еко-живот” од Кавадарци. Ученици од неколку основни училишта и од кавадаречката гимназија, собираа отпад од брегот на вештачката акумулација, втора по големина во државата. Во акцијата се придружија и нуркачи од спелеонуркачкиот клуб “Врело”.

- Целта е да се подигне свеста за значењето на чистата животна средина. За учениците подготвивме исто така и игри, но и награди за највредните во акцијата за собирање на отпад, рече Роберто Паризов, претседател на друштвото.

Паризов нагласи дека и во иднина, како регионален еколошки центар и член на Движењето на екологисти на Македонија, ќе продолжат со вакви и слични активности. Истовремено повика на поголема грижа кон околината. Упати благодарност за поддршката до општината, јавното претпријатие “Комуналец” и компанијата “Кожувчанка”.

По завршувањето на акцијата, учениците испишаа табли со еко пораки, кои беа поставени на повеќе локации во близина на Езерото.свд/скс/14:11

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ