Конференција за еко-туризам во Охридскиот регион

Конференција за еко-туризам во Охридскиот регион

Скопје, 10 јуни 2018 (МИА) - „Четири сезони еко-туризам во Охридскиот регион“ е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Зелениот институт, ДОМ и холандската фондација Биро де Хелинг

На конференцијата ќе стане збор за алтернативните форми на туризам со строга заштита на животната средина, за да се задржи статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО за Охридскиот регион.

Учесниците ќе дискутираат за збогатување на понудата, од планинарење, планински велосипедизам и параглајдинг, преку водено поврзување на сите места покрај Охридското езеро со еко-превоз, до култура, традиција и автентична локална храна.

- Целта е во Охридскиот регион да се иницираат и поддржат атрактивни настани и активности кои ќе ги привлечат домашните и странските туристи, но и да се обезбеди туристичка понуда конкурентна со онаа во регионот, велат организаторите.

Модератор на настанот е Маја Морачанин, пратеничка од ДОМ и координаторка на неформалната парламентарна група „Пратеници-пријатели на УНЕСКО”. дма/мч/07:59

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...