• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Презентација на резултати од проектот за улогата на граѓаните во заштита на животната средина

Презентација на резултати од проектот за улогата на граѓаните во заштита на животната средина

Скопје, 12 јуни 2018 (МИА) - Завршна конференција за проектот „Улогата на граѓанинот како директен учесник во подигнувањето на еколошката свест и заштитата на животната средина“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонскиот центар за одржлив развој и конкурентност.

На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од проектот, податоците добиени преку анкетни прашалници, формирањето на Фејсбук групата „Пријави депонија“, како и поднесените претставки до општините за лоцираните диви депонии и нивната реакција.

Најавено е обраќање на екологисти и претставници од општините Карпош, Ѓорче Петров и Аеродором.

Проектот е дел од медиа платформата за застапување, финансиран од Европската Унија и Граѓанската асоцијација „Мост“. бак/са/07:35

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ