• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Министерот Дураку на Собрание на Глобалниот фонд за животна средина во Виетнам

Министерот Дураку на Собрание на Глобалниот фонд за животна средина во Виетнам

Скопје, 27 јуни 2018 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки учествува на 54. состанок на Советот и 6. Собрание на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) што се одржуваат во Да Нанг, Виетнам од 23 до 29 јуни.

Од ресорното Министерство денеска информираат дека на состанокот на Советот, што се одржал од 24 до 26 јуни, се разговарало за постигнувањата во изминатите четири години, како што се стапувањето во сила на Минамата конвенцијата, Договорот од Париз, прогресот во рамки на конвенциите за биолошка разновидност, како и целите за одржлив развој.

Одобрена била и програмата за седмиот циклус на Глобалниот фонд за животна средина и потврдена финансиската рамка од 4.1 билиони долари за исполнување на глобалните цели во заштита на животната средина. Најдоцна до почетокот на јули годинава треба да бидат официјално соопштени националните алокации на средства за реализација на обврските кон трите Рио конвенции во следниот четиригодишен период.

Шестото собрание на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), основано за да помогне во справувањето со најголемите еколошки проблеми на планетата, се одржува денеска и утре, а министерот Дураку ќе се обрати на пленарната сесија на отворањето и ќе учествува на тркалезната маса „Поставување на целите за постигнување на неутралност на деградација на земјиштето во Република Македонија“. 

На Собранието на Глобалниот фонд за животна средина учествуваат министри и високи претставници на 183 држави, невладини организации, бизнис лидери, како и претставници на агенциите на Обединетите нации. бак/дма/10:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...