• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Закани и уцени до Еко Герила да не зборува за Југохром, тврдат членовите на оваа невладина организација

Закани и уцени до Еко Герила да не зборува за Југохром, тврдат членовите на оваа невладина организација

Тетово, 2 јули 2018 (МИА) - Финансиски понуди и пораки нивната невладина организација да не реагира за Југохром биле испратени од различни поединци до членови на Движењето Еко-Герила од Тетово, информираа претставници од оваа невладина организација на прес конфренција одржана денеска во Тетово.

- За ова е известена полицијата и денеска баравме директна средба со премиерот Зоран Заев за да го информираме за овие закани и уцени. Информацијата ќе ја споделиме и со амбасадите и организациите кои не поддржаа во нашата мисија за почиста животна средина, како и  институциите на Европската Унија во Брисел. Валканите игри со мафијашки тенденции  не само што нема да нè спречат туку напротив само нè мотивираат да не се откажуваме од нашата мисија. Граѓанската реакција ќе биде многу остра за секоја уцена од Југохром или од одредени кругови во Владата, рече Аријанит Хоџа од Еко Герила.

Од Еко Герила посочија дека засега нема да ги именуваат лицата што им ги упатиле пораките и уцените. Оттаму најавија и оти будно ќе ги следат сите состојби околу рестартирањето на Југохром како и тоа дека нема да дозволат негово отворање без поставување филтер станицата за отпрашување што е во тек на градба.

За нив е неприфатилво Југохром да отпочне со работа паралелно со изградбата на филтер станицата.

- Не смее да се толерира ниту една можна манипулација и поставување на филтрите без ригорозен надзор од независни меѓународни експерти што ќе утврди дали проектот и системот за филтрирање ги исполнува соодветните стандарди и го спречува ослободувањето на штетните гасови. Без веродостојна меѓународна гаранција нема да се прифати никаква манипулација од страна на сопствениците без разлика дали е и во соработка со вицепремиерот Анѓушев, изјави Хоџа. 

Југохром беше затворен од државниот инспекторат за животна средина во октомври 2016 година бидејќи иако на неколкупати најавуван од страна на сопствениците не беше поставен системот за отпрашување на фабричките оџаци.ас/скс/13:18

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ