• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МЖСПП: Светска Банка подготвува нов круг на четиригодишна партнерска помош за Македонија

МЖСПП: Светска Банка подготвува нов круг на четиригодишна партнерска помош за Македонија

Скопје, 6 јули 2018 (МИА) - Светска Банка подготвува нов круг  партнерска помош за Република Македонија за следните четири години, при што, како една од приоритетните области, детектирана е одржливата животна средина и климатските промени.

Ова денеска било истакнато на работната средба на министерот за животна средина Садула Дураки со директорот на Светска Банка за Македонија и Косово Марко Мантованели и високиот специјалист за социјален развој Беким Имери, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање..  

На средбата се разговарaло за статусот на тековните заеднички активности кои се интензивираа во изминатиов период, но и за активностите кои следуваат. Посебен фокус бил ставен за предизвиците од загадувањето на воздухот земајќи го предвид растечкиот интерес за справување со проблемот не само на национално, туку и на регионално ниво, но и на водите и цврстиот отпад.

Соговорниците констатирале дека на повидок се и резултатите од интензивираната соработка, односно дека веќе е во финална фаза изработката на Студијата за управување со квалитет на воздухот на регионално ниво на Западен Балкан, во која се опфатени Македонија, Косово и Босна и Херцеговина. бк/скс/15:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ