• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Конференција „Општини без отпад" во Штип

Конференција „Општини без отпад" во Штип

Скопје, 7 јули 2018 (МИА) - Конференција насловена „Општини без отпад" ќе се одржи денеска во Штип во организација на Граѓанското здружение „Зелен Институт“ од Скопје, Демократската обнова на Македонија и „Биро де Хелинг“ од Холандија.

На еднодневниот форум предвидени се два панела со учество на претставници од општините од Министерството за животна средина и просторно планирање и експерти од областа.

На првиот панел со наслов „Предизвици за справување со отпадот во општините“ воведни обраќања на конференцијата ќе имаат Благој Бочварски, градоначалник на Општина Штип, Лилјана Поповска пратеничка и претседателка на ДОМ и Наташа Амдију претседателка на „Зелен институт”.

„Како до општини без отпад?“ е насловот на вториот панел, кој ќе се одвива во четири групи, а една од нив ќе дебатира за избор на локација за регионална санитарна депонија. вг/сст/08:14

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ