• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

МЗШВ: Новите концесии гарантираат заштита на рибите во риболовните води

МЗШВ: Новите концесии гарантираат заштита на рибите во риболовните води

Скопје, 18 јули 2018 (МИА) - Владата на вчерашната седница донесе одлуки за почнување постапки за доделување концесија за повеќе риболовни води.

- Со доделувањето на концесиите на рибите од риболовните води се овозможува користење на рибите преку одржлив развој за стопански, рекреативен и спортски риболов, односно вршење стопански риболов, информира денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). 

Почнатите постапки за доделување концесии на рибите за органзирање рекреативен риболов се однесуваат на рекреативните зони на Охридското и Дојранското Езеро,  Црна Река 1–демирхисарски, Црн Дрим 2, Злетовска Река, Треска 1 – Кичевски и Акумулација Матка, а за вршење стопански риболов на риболовните подрачја Охридско и Дојранско Езеро.

МЗШВ соопшти дека стопанисувањето со рибите е детално уредено во Риболовните основи за одделните риболовни води кои преставуваат стручни судии за начинот на стопанисување со рибите и гарантираат одржливо користење и заштита на рибите.

Риболовната основа за риболовната вода Охридско Езеро во почетокот на 2018 година, како што се наведува, е изменета во правец на целосна заштита и одржливо користење на рибите во езерото. Направени се измени во делот на утврдување на периодот на мрест и времето во кое е дозволен риболовот и детално се уредени специфичните локации на мрест на рибите, особено за охридската пастрмка, охридската белвица и крапот.

- Пради одржување на популацијата намалени се количините на дозволен улов на видот охридска белвица. Направени се измени кои ги задоволуваат потребите на рекреативните риболовци, а со тоа и развојот на риболовниот туризам. Значајно е тоа што во оваа постапка за доделување концесија на рибите од риболовната вода Охридско Езеро се доделуваат на користење според овие измени, стои во соопштението. 

Рибите од риболовните ревири и рекреативните зони за организирање рекреативен риболов, како и за вршење стопански риболов се доделуваат на концесија за период од шест години, по пат на јавен повик согласно Законот за рибарство и аквакултура и Законот за концесиии и јавно приватно партнерство. мд/са/12:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...