Средства за 15 општини за управување со водите

Средства за 15 општини за управување со водите

Скопје, 25 јули 2018 (МИА) - Mинистерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска ги потпиша договорите за распределба на средства за финансирање по Програмата за управување со водите за 2018 година.

- Согласно Конкурсот кој беше објавен кон крајот на јануари, околу 56.300.000 денари се доделени на 15 општини во Македонија за проектирање и изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти и за уредување и реконструкција на водотеци, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Договори се потпишани со градоначалниците на општините: Кичево, Брвеница, Сарај, Крушево, Чучер Сандево, Демир Kапија, Теарце, Липково, Ѓорче Петров, Тетово, Новаци, Струга, Врапчиште, Крива Паланка и Кочани.

- Помaгајќи ги локалните самоуправи во делот на управувањето и заштитата на квалитетот на водите преку подобрување на инфраструктурата за водоснабдување и за заштита на водотеците, се инвестира во постигнување на долгорочните цели - поквалитетен живот на населението, спречување на последиците од поплавите и почиста животна средина, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање. мд/сд/14:43

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ