Помор на риби во Брегалница

Помор на риби во Брегалница

Скопје, 26 јули 2018 (МИА) - Помор на поголема количина  риби е забалежан вчера во водите на Брегалница во близина на Делчево.

МВР соопшти дека поморот на риби бил кај место викано „Долен мост“. Полициски службеници во содејство со инспектор од Министерство за шумарство, земјоделство и водостопанство и ветеринарен инспектор, излегле на терен, по што е извршена крим техничка обработка.

Од повеќе места долж течението на реката биле земени неколку килограми риби, кои ќе бидат доставени за вештачење на Институтот за сточарство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.са/сд/13:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...