• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Швајцарија додели финансиска помош за студија за прочистување отпадни води во Виница

Швајцарија додели финансиска помош за студија за прочистување отпадни води во Виница

Кочани, 26 јули 2018 (МИА) - Општина Виница обезбеди 150 илјади швајцарски франци за изработка на физибилити студија за управување со отпадните води.

Средствата се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а студијата треба да ги испита можностите за приклучување на постоечкиот колекторски систем за отпадни води од Виница кон пречистителната станица во кочанското село Мојанци.

На работната средба што градоначалникот на Виница, Ивица Димитров и директорот на ЈКП “Солидарност“, Игорчо Христов ја имаа со претставници од СДЦ и од консултантската фирма “Хидроенерџи проект“, беше образложена идејата за проекто и начинот на кој ќе се работи на физибилити студијата.

- Колекторскиот систем во Виница е граден во периодот 1982-1984 година и освен објектите во градот, на него се поврзани и селата Градец, Лески, Истибања и Јакимово. Според сегашните законски одредби тој не ги задоволува минималните еколошки стандарди за управување со фекалните и отпадните води. Нашата идеја е наместо да градиме посебна станица за нивно прочистување, да се приклучиме на онаа што општина Кочани веќе ја гради со швајцарска финансиска помош, со што ќе се заштедат значителни финансиски средства, истакна градоначаникот Димитров.

Пречистителната станица за отпадни води кај селото Мојанци е со проектиран капацитет за 65 илјади жители, што се вклопува во предложениот проект на виничката локална самоуправа.

За потребите на физибилити студијата за поврзување на колекторскиот систем, веќе започнаа и истражувањето и анализите на терен, а нацрт-финалниот извештај треба да биде готов до средината на ноември.

Во моментот отпадните води од општина Виница и од околните населени места се испуштаат во водите на реките Брегалница и Осојница. та/сст/15:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...