Загадувањето од печката во „Дрисла“ не ги надминува просечните вредности

Загадувањето од печката во „Дрисла“ не ги надминува просечните вредности

Скопје, 27 јули 2018 (МИА) - Загадувачките супстанци во воздухот од печката за согорување медицински отпад на депонијата „Дрисла“ не ги надминуваат просечните вредности. Ова го констатира Државниот инспекторат за животна средина и надлежен државен инспектор за животна средина, по извршените мерења. 

Тие извршиле увид во интерниот мониторинг на емисијата на гасови од оџакот на печката за согорување медицински отпад. 

- По добиените резулатти од акредитираната лабораторија од шести јуни и четврти јули годинава од извештаите од мерењата на јаглероден моноксид, јаглероден двооксид, азотни оксиди, сулфурен двооксид и прашина, емисиите не ги надминуваат просечните вредности, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина. 

Оттаму информираат дека конитинуирано ја следат работата на депонијата „Дрисла“ и на печката за согорување медицински отпад. мд/са/09:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...