Еколошки акции во општина Демир Хисар

Еколошки акции во општина Демир Хисар

Демир Хисар, 29 јули 2018 (МИА) - Општина Демир Хисар во соработка со локалното комунално претпријатие „Комуналец“ ги интезивира еколошките акции, врши уредување на руралните средини и посебно излетничките места на подрачјето на локалната самоуправа.

Од секторот за односи со јавност информираат дека зголемените активности се планирани и се реализираат во пресрет на големиот празник Илинден, кога во општината доѓаат гости во посета на црквите и манастирите на општината, славното Смилево, но и други локации во Демир Хисар како избран Град на културата во 2018 година.

- Интервенираме и на барање на локалното население. По барање на месната заедница од Ново Село, спроведовме активности за расчистување од ниска и висока вегетација на просторот околу црквата Св. Аранѓел, во селото Ново Село. Екипа на ЈКП „Комуналец“ целосно го исчисти просторот и депонијата, а ќе продолжи со чистење и на другилокации низ населените места во општината, истакна Даниел Станојоски, портпарол на општина Демир Хисар. мт/дма/10:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ