• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Општина Кратово организира „Алтернативна еко-сабота“

Општина Кратово организира „Алтернативна еко-сабота“

Кратово,17 август 2018 (МИА) - Локалната самоуправа на општина Кратово утре организира волонтерска еколошка акција насловена „Алтернативна еко-сабота“.

- Станува збор за прва волонтерска еколошка акција во наша организација која има за цел да се исчистат патеките и паркот во месноста Карши бавча, а воедно и да се покаже дека можеме сите заедно еколошки да се однесуваме кон прекрасната околина која ја имаме во Кратово, истакнаа од локалната самоуправа на општината.

За акцијата, која ќе започне во 11 часот, се обезбедени ракавици и вреќи за отпад, но од општината посочуваат дека секој што ќе учествува дополнително може да понесе останати алати за чистење. ид/ев/11:32

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ