• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

За половина година подигнати над 74.000 тони отпад од домаќинства

За половина година подигнати над 74.000 тони отпад од домаќинства

Скопје, 26 август 2018 (МИА) - Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ во периодот јануари - јуни годинава собрале и транспортирале  74.301 тон комунален отпад од скопските домаќинства, или просечно по 411 тони дневно. Направени се 14.649 тури, во просек по 81 тура дневно. Во однос на минатата година количеството на собран и транспортиран отпад годинава е поголемо за 1.887 тони, како и бројот на турите кој е погoлем за 340 тури, соопшти денеска ЈП „Комунална хигиена“.

Во овој период, екипите на ова претпријатие расчистиле и 855 кубни метри диви депонии составени од градежен шут, земја, гранки и отпадоци, на територијата на општините Гази Баба, Чаир, Кисела Вода, Аеродром и Бутел. Од страна на еко-патролата дополнително биле откриени и расчистени 485 кубни метри разновиден комунален отпад на повеќе локации низ градот.

Во Центарот за селекција на отпадот на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош биле расчистени 300 тони кабаст отпад насобран во акциите за чистење на скопските општини во текот на изминатите три години.

Во периодот јануари - јуни годинава вкупно 207 дотраени контејнери со зафатнина од 1,1 кубен метар беа заменети со нови садови за отпад на 38 локации во општините Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Чаир и во Кисела Вода.

- За поефикасно работење на јавното претпријатие набавени се две возила - едно товарно моторно возило кипер со капацитет на сандакот до 10 кубни метри, со вградена кранска рака, како и едно специјално возило наменето за заловување и транспорт на бездомните кучиња од скопските улици, што ќе се употребува од страна на специјализираната Служба за хуман третман и контрола за заловување на бездомните кучиња коишто се транспортираат во стационарот „Вардариште“, се вели во соопштението.лв/нд/10:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...