Еколошка акција во кумановско по повод Денот на независноста

Еколошка акција во кумановско по повод Денот на независноста

Куманово, 7 септември 2018 (МИА) - Членовите на здружението „Кумановски акцијаши“ и екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“, денеска го исчистија просторот околу локалитетот „Студена вода“ во кумановско во пресрет на 8 Септември,  Денот на независноста на Македонија. Волонтерите и стручните служби го исчистија просторот од смет и отпад на патот кој води кон локалитетот и површината од околу 1000 метри квадратни која ја зафаќа просторот. Во акцијата што се одржува под покровителство на општина Куманово, искосена е и тревата, искастрени се гранките на дрвјата и грмушките околу просторот.

Директорот на „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски, информираше дека сметот е отстранет и просторот е уреден. И претседателот на здружението „Кумановски акцијаши“, Јусуф Љатифи, смета дека акцијата е успешна. Просторот е место за рекреација и често го користат кумановци за прошетка и возење велосипеди.

Директорот на претпријатието, Стојчевски, информираше дека во наредниот период внимание ќе посветат на расчистување на дивите депонии кои со години се создаваат на исти локации во Куманово. Тој потсети  дека изминатиот период екипите на претпријатието по петти пат за десет месеци ја исчистија дивата депонија пред влезот на населбата „Перо Чичо“

„Почнува да се создава дива депонија и во населбата „Гоце Делчев“ кај пекара, кај Спомен Костурницата, кои редовно се чистат, кај поранешниот Житомел на „Октомвриска револуција“ каде пак има проблеми, бидејќи објектот е сопственост на правно лице кое е во стечајна постапка и потребни се дозволи да се уреди тој простор, но и таму чистевме пред два месеци, а сега повторно прераснува во депонија, изјави Стојчевски.

Тој апелираше до граѓаните совесно да се однесуваат кон непосредната животна средина и информираше дека комуналната инспекција ќе почне да ги санкционира загадувачите. ам/сст/15:01

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...