• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Макрадули: Без јавна дебата не може да се реализира барањето за ладна валалница во Кавадарци

Макрадули: Без јавна дебата не може да се реализира барањето за ладна валалница во Кавадарци

Демир Капија, 11 септември 2018 (МИА) - Без јавна дебата не е возможно да се реализира барањето на кавадаречка компанија за инвестиција во ладна валалница во Кавадарци, рече заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

- Нашето министерство има задача кога ќе го добие барањето за А-интегрирана дозвола да направи анализа и во една јавна расправа и широки консултации да дојде до решението. Бидејќи се работи за А-инсталација, ќе треба да има стартегиска оцена за влијанието на животната средина, којашто сакам да потенцирам не се врзува со типот на земјиштето и намената, не е тоа наш ресор. Ние сме да гледаме и да процениме како се еколошките стандарди и какво е влијанието на почвата, водата и воздухот, нагласи Макрадули во Демир Капија, каде што е на средба со жители, заедно со Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Макрадули додаде дека компанијата, инвеститорите и самите се заинтересирани да направат стратегиска оцена за влијанието, бидејќи и на тој начин се кредитира и се поттикнува стопанството.

- Се разбира, без јавна дебата тоа не е возможно да се направи. Впрочем, и денес најавивме дека идната недела за гасоводот што поминува по сртот на Водно од јужната страна ќе правиме повторно јавна дебата, дециден беше заменик-министерот. свд/сст/14:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ