• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Зголемен бројот на работници во индустријата

Зголемен бројот на работници во индустријата

Скопје, 31 јули 2018 (МИА) - Бројот на работниците во индустријата во јуни годинава е зголемен за 7,3 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, а во првите шест месеци од 2018 година пораснал за 7,5 отсто во однос на истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст од 2,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 8,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,2 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,7  отсто, Капитални производи за 22,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто, а опаѓање има кај Енергија за 0,7 проценти и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1,3 проценти. вј/са/15:02

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...