Дојран се наполни со туристи за Илинден

Дојран се наполни со туристи за Илинден

Дојран, 2 август 2018 (МИА) - Десетина илјади туристи од земјава и од околните држави, претежно од Србија и Грција, денеска го наполнија Дојран како што доликува за главна туристичка сезона.

Туристите дојдоа со месното население да го прослават заштитникот на Дојран, свети Илија, да се забавуваат на уредените плажи и да го проследат концертот на Јордан Митев кој се одржа денеска точно на пладне во рамки на културната манифестација „Дојрански ракувања“.

- По денешниот ден дојранци се надеваат на вистинска туристичка сезона, со поголем број туристи од земјава и на бериќетен август од причина што досега според посетеноста на плажите тоа не се чувствуваше, најверојатно поради непрепознатливото лето и нестабилните временски прилики, изјави градоначалникот на Дојран Анго Ангов. им/мд/15:07

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ