АДСДП: Градиме согласно годишната програма одобрена од Владата

АДСДП: Градиме согласно годишната програма одобрена од Владата

Скопје, 3 август 2018 (МИА) - Во  врска со реакциите во јавноста во однос на  евентуална изградба на 60-катници на просторот кај хотелот „Холидеј ин“, Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) попладнево соопшти дека гради согласно годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбен простор во сопственост на РМ донесена од Владата и изготвена врз основа на деталните убанистички планови.

Според  АДСДП, во интервјуто за МИА, генералниот директор Кристијан Трајковски посочи дека локацијата е идеална за изградба на современ бизнис центар, но конечната одлука треба да ја донесат надлежните институции, секако имајќи предвид дека конечниот глас ќе го имаат граѓаните.

АДСДП нагласува дека и натаму останува на својата основна задача -обезбедување развој на економски  план како за државата, така и за нашето АДСДП што во пракса значи привлекување домашни и странски инвестиции. 

- Оваа програма АДСДП ја изготвува и ја доставува како предлог до Министерството за транспорт и врски, а Владата ја одобрува. Напоменуваме дека годишната програма се носи врз основа на деталните урбанистички планови што ги изготвуваат општините согласно потребите за комерцијални и социјални станови, како и за деловни објекти. Токму општините одлучуваат за намената на локациите и за површината на градбите, наведува претпријатието.

Дополнува и дека и во иднина ќе продолжи да ги почитува законските прописи на важечките урбанистички планови. мч/ац/16:58

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...