• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Словенија со највисока, Македонија со најниска плата во регионот

Словенија со највисока, Македонија со најниска плата во регионот

Скопје, 4 август 2018 (МИА) - Македонија е со најмала просечна плата во регионот на поранешна Југославија, додека Словенија е на врвот на листата, јавува Анадолија.

Словенија со реализирана месечна нето плата од 1.077,77 евра за мај 2018. е земја во регионот, во која има највисоки примања и тоа е единствената плата во регионот, која изнесува над илјада евра. Просечната плата во Македонија во мај оваа година изнесувала 399,28 евра (24.509 денари), се наведува во истражувањето кое го објави Анадолија.

Највисоко зголемување на просечната нето плата е забележано во Хрватска. Таму платата се зголемила за 71,42 евра и достигнала 866,95 евра, во однос на истиот период лани.

Во Црна Гора просечната плата во јуни изнесувала 511 евра. Во Босна и Херцеговина во мај била на ниво од 448,59 евра, а во Србија 426 евра. 

Во Црна Гора просечната нето заработувачка во јуни оваа година во однос на еден месец претходно забележала пад од 0,2 отсто, додека просечната нето заработувачка во јуни 2018 година во однос на истиот месец претходната година забележал раст од 0,2 отсто. 

Словенија е единствена земја од поранешните југословенски републики, која има суфицит. 

Единстивено Словенија оваа година остварила суфицит во надворешно-трговската размена со странство. Така покриеноста на узвозот со извозот во Словенија изнесува 102,1 отсто во првите пет месеци од оваа година. 

На второ место по Словенија е Србија со 76,3 отсто, трета е Македонија - за пет месеци од оваа година е на ниво од 74,7 отсто. Во БиХ покреноста увоз-извоз за шест месеци во 2018 година изнесува 62,48 отсто, во Хрватска за пет месеци во 2018. е 59,7 отсто.

Најмала покриеност на увозот со извозот имала Црна Гора - за шест месеци 16,5 отсто. ац/вг/16:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ