• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Раст на извозот за 26,5 проценти во првите шест месеци

Раст на извозот за 26,5 проценти во првите шест месеци

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - Извозот на стоки од Македонија во првите шест месеци од годината бележи раст од 26,5 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на извезената стока за периодот јануари-јуни 2018 година изнесува 3.323.298 илјади американски долари.

Вредноста на увезената стока во првото полугодие изнесува 4.441.172 илјади американски долари и бележи раст од 24 проценти. 

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2018 година, е 1.117.874 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 74.9 проценти.

Најмногу се извезувало катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, делови на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица.

Во увозот  најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.скс/са/12:50

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ