За половина денар поскапува Еуросупер БС-95

За половина денар поскапува Еуросупер БС-95

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - Бензинот Еуросупер БС-95 од полноќ поскапува за половина денар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98, на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-9 ќе изнесува 71,50 денари за литар.

Цената на Еуросупер БС-98 останува 73 денари, на Еуродизелот 62,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 денари.

Согласно одлуката, се намалува цената на мазутот и ќе изнесува 33,65 денари за килограм. 

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изнесуваше 73, 86 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52,43 денари за долар.скс/са/13:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ