• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Тројца студенти од Техничкиот факултет Битола ќе добијат стипендии од АД ЕЛЕМ

Тројца студенти од Техничкиот факултет Битола ќе добијат стипендии од АД ЕЛЕМ

Скопје, 7 август 2018 (МИА) - Нови тројца студенти од Техничкиот факултет Битола потпишаа договори за стипендирање со АД ЕЛЕМ во Подружницата РЕК Битола. Студентите, како што информираат од РЕК Битола, првпат се стекнуваат со правото на стипендирање од страна на Државните електрани на Македонија, а се избрани на конкурсот што Техничкиот факултет во соработка со АД ЕЛЕМ го објави во јуни годинава.

За да добијат финансиска поддршка од компанијата, студентите мораа да исполнат неколку критериуми меѓу кои и првпат да бидат запишани на прв циклус студии во прва година во академската 2017/2018 година и првиот семестар да го завршиле со просечна оценка не помала од 8,0 (осум). 

- Со новите тројца стипендисти, бројот на студенти од Техничкиот факултет Битола кои добиваат финансиска поддршка од АД ЕЛЕМ достигна 15. За секого од нив, компанијата издвојува по 6.000 денари месечно, десет месеци во годината, со желба да им го олесне патот до стекнувањето знаења кои подоцна би ги примениле на работни места во РЕК Битола или некоја од подружниците на Државните електрани на Македонија, велат од РЕК Битола.

АД ЕЛЕМ секоја година предвидува 25 стипендии за новозапишани студенти во прва година на пет државни факултети во Македонија. Заедно со новите три договори за стипендии, во моментов, има вкупно 48 стипендирани новозапишани и студенти во втора, трета и четврта година. вј/са/09:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...