• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Еуромакс: „Иловица-Штука” нема да користи цијанид

Еуромакс: „Иловица-Штука” нема да користи цијанид

Скопје, 9 август 2018 (МИА) - Проектот за бакар „Иловица-Штука“ е целосно безбеден и се развива со највисоките стандарди за животна средина, според домашното и меѓународното законодавство. Имајќи го предвид ставот на локалната заедница, менаџментот на компанијата донесе одлука да не го користи цијанидот во постапката, како и суфурната киселина, порачуваат од Еуромакс ресурсис

Тоа, нагласуваат, е јасна потврда дека определба на компанијата е проектот да се развива со поддршка на локалната заедница, а сите обвинувања се изнесени на паушални основи и не се поткрепени со никакви факти. 

- Рудникот ќе работи согласно еколошките стандарди, повисоки од оние утврдени од ЕУ, без никакво влијание врз земјоделството. Еуромакс спроведе транспарентно и сеопфатно вклучување на заедницата и засегнатите страни во текот на изминатите четири години и тоа е темелно документирано во Студијата за влијанието врз животната средина. Со отстранувањето на цијанидот од процесот за обработка на рудата, примарниот производ на проектот „Иловица-Штука” сега ќе биде бакар, појаснуваат од компанијата.

Главниот процес на преработка на рудата, прецизираат, е флотација, физички процес преку кој ќе се произведува бакарен концентрат и ќе биде транспортиран во топилница во Бугарија.

- Овој процес на флотација е сличен на сите постојни големи рудници за метали во Македонија и не вклучува хемиски реакции за растворање на рудата. Реализацијата на проектот за бакар „Иловица-Штука“ ќе има голем економски бенефит за локалната и националната економија. Ќе се отворат 500 нови директни работни места и над 2.700 индиректни вработувања во компаниите изведувачи. На национално ниво проектот ќе учествува со три отсто од БДП на Македонија и ќе обезбедува даночни приходи во висина од 24 милиони евра годишно, велат од Еуромакс ресурсис. вј/сд/15:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...