• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

„Виталиа“: Набавените суровини се во согласност со регулативата на ЕУ

„Виталиа“: Набавените суровини се во согласност со регулативата на ЕУ

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - Во врска со резултатите од суперанализите на Агенцијата за храна и ветеринарство за соините шницли и трошки увезени од Србија од страна на „Виталиа“, попладнево се огласи компанијата која наведува дека Европската Унија дозволува минимум концентрација на ГМО во храната и сè што е под 0,9 отсто се третира како Нон ГМО.

- Истото законодавство го има и Србија, поради што суровините кои се набавени од страна на нашата компанија се со спецификација согласно ЕУ регулативата и со потврда дека производите се произведени од генетски немодифицирана соја. Со новиот правилник во Македонија донесен пред три години, со кој се забранува какво било присуство на генетски модифицирани организми, Македонија се одалечува од европското законодавство што може сериозно да му наштети на стопанството, соопшти „Виталиа“.

Компанијата посочува дека во корист на индустријата и потрошувачите  ќе побара хармонизација со европското законодавство затоа што, како што наведува, Правилникот е неконструктивен и ваквите отстапувања само предизвикуваат паника кај јавноста. хс/мд/17:17

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...