• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Македонија во јуни ја посетиле 102.327 туристи

Македонија во јуни ја посетиле 102.327 туристи

Скопје, 13 август 2018 (МИА) - Во јуни годинава Македонија ја посетиле 102.327 туристи кои оствариле 243.175 ноќевања што е за 20,7 отсто повеќе туристи во споредба со истиот месец лани и за 23,4 отсто повеќе ноќевања.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 15,9  отсто, а бројот на странските туристи пораснал за 22,4 отсто. Бројот, пак, на ноќевањата на домашните туристи пораснал за 11,4 отсто, а на странските за 29,5 отсто. 

Во првите шест месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 16,4  отсто во споредба со истиот период од минатата година при што кај домашните туристи има зголемување за 9,3 отсто, а кај странските за 19,8 отсто.  Во истиот период бројот на ноќевањата е зголемен за 16 отсто и тоа кај домашните туристи зголемувањето е за 6,6 отсто, а кај странските за 21,9 отсто. вј/са/12:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...