Тринаесет апликации на повикот за формирање бизнис акцелератори за млади

Тринаесет апликации на повикот за формирање бизнис акцелератори за млади

Скопје, 21 август 2018 (МИА) - Пристигнати се 13 апликации на јавниот повик за формирање бизнис акцелератори за млади, прединвестициска програма и инвестиции за старт ап компании на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Според критериумите на повикот за кој во соработка со Светска банка се обезбедени 2,25 милиони евра, 11 апликации ја поминале фазата на административна проверка. Тие продолжуваат во фаза на селекција, што ја реализира Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот. Процесот на селекција на апликациите се очекува да заврши до крајот на месецов, по што ќе бидат објавени и избраните проекти, соопшти денеска ФИТР.

Оттаму потенцираат дека сите апликанти доставиле и изјава за сопственичката структура, која почнувајќи од овој повик станува дел од задолжителната документација која треба да се достави при аплицирање за инструментите на Фондот.

Во рамки на Инструментот за ко-финансирање на бизнис акцелератори Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува кофинансирање до 75 проценти од вкупниот буџет на проектот, најмногу до 500.000 евра. Преостанатиот дел од проектниот буџет го обезбедува апликантот.  

- Со формирање на бизнис акцелератори ќе се овозможат програми за основање и развој на старт ап компании за млади, вклучително и финансиска поддршка за развивање на брзо растечки бизниси кои ќе креираат високоплатени работни места. Преку конкретна менторска и финансиска поддршка, користејќи меѓународни искуства, младите добиваат можности кои ги имаат и во другите развиени земји, оценуваат од ФИТР.

Повикот беше отворен од 29 мај до 27 јули годинава.лв/скс/14:25

###









Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...