„Тиквеш“: Политиката да ги тргне рацете од лозарството

„Тиквеш“: Политиката да ги тргне рацете од лозарството

Кавадарци, 24 август 2018 (МИА) - Политичките партии да се воздржат од мешања во проблемите на лозарите и да не се врши притисок за зголемување на цените за откупеното грзоје кон винарниците кои имаат различни стратегии и работат во различни услови, на различни пазари, апелира денеска винарската визба „Тиквеш“.

Според „Тиквеш“, проблемот не е во цената, туку е социјален и не се решава на овој начин, со „преговарање на улица“, туку во институциите. Исто така, имаше доволно време за негово надминување во минатото. 

Винарницата годинава планира да откупи околу 30 милиони килограми квалитетно грозје, што е двојно повеќе од минатата година. Ваквата количина, рекордна во изминатите неколку години претставува, според „Тиквеш“, дополнителна гаранција и сигурност за лозарите дека нивното годинашно производство ќе биде преземено.   

- Податоците од досегашниот откуп на раните сорти висококвалитетно грозје покажува дека цените на откупот ќе бидат во просек за 15 отсто повисоки од минатогодишните и покрај показателите кои говорат дека грозјето е со понизок степен на шеќерни единици отколку минатогодишната берба. Раководејќи се од определбата да го стиумулираме производството на висококвалитетни сорти грозје, и оваа година, кај одредени сорти, како што се темјаника и траминецот, откупната цена е повисока дури и за 38 отсто во однос на минатата година, наведува „Тиквеш“.

Визбата потсетува и дека останува редовниот бонус од три денари за килограм грозје предадено во гајби, а дополнително, оние партнери-лозари кои континуирано го зголемуваат квалитетот на сопствените насади преку намалување на приносите, ќе бидат стимулирани со околу 40 отсто поголема цена од основната.

Според „Тиквеш“, се очекува за предаденото грозје со повисоки шеќерни единици  како „вранецот“, цената да достигне и до  17 денари за килограм, на што „Тиквеш“ исплаќа и дополнителен бонус од три денари.

- Нашите анализи покажуваат дека во изминатите 10 години цената на најзастапените сорти, како „вранецот“ и „смедеревката“, кумулативно се зголемила за 47 проценти, велат од винарницата, велат од винарницата. мч/сд/14:50

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...