Во Кавадарци средба за плановите за инвестиции на ИГМ трејд

Во Кавадарци средба за плановите за инвестиции на ИГМ трејд

Кавадарци, 24 август 2019 (МИА) - Барањето на компанијата ИГМ трејд за промена од Г2 во Г1 индустрија, беше тема на средбата што ја имаа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во Кавадарци со општинските советници, претставници на ИГМ трејд, регионална стопанска комора и повеќе граѓански и еколошки организации.

Средбата се одржа на барање на општината, и како што истакна Јанчев, во интерес на транспарентноста и на економијата.

- Општината може да опструира  или не, но треба да има аргументи и став, рече Јанчев, нарекувајќи ја инвестицијата од државно стратешко ниво. 

Заев нагласи дека нема поголем приоритет од здравјето, но се осврна и на значењето на економијата во севкупниот живот.

- Немам намера како премиер да влијаам врз локалната самоуправа. Таа е посебна власт, нагласи тој.

Тој додаде дека секоја инвестиција е добредојдена. Претставник на индиска компанија бил во Владата и ја соопштил намерата за инвестиција заедно со кавадаречката компанија. Инвестицијата во проектот за ладна валалница со модерна технологија  е поголема од шеесет милиони евра. Премиерот се осврна и на процедурата која мора да се запази во ваква ситуација.

Според него, станува збор за незагадувачка индустрија.

Во салата на општинската зграда, продолжуваат дискусиите на оваа тема.свд/лв/22:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...