• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Повластената стапка на ДДВ за продажба на станови до 2023 година

Повластената стапка на ДДВ за продажба на станови до 2023 година

Скопје, 27 август 2018 (МИА) - За пет години се пролонгира рокот за повластена стапка од пет проценти за станови во прва продажба, со предложените измени на Законот за данокот на додадена вредност за кои денеска треда да расправа собраниската Комисија за финансирање и буџе.

Според предлог законот,  рокот за повластената стапка се пролонгира  до 31 декември 2023 година.

На дневен ред на седницата се измените и дополнувањата на законите  за супервизија на осигурувањето, за финансиската полиција, за игрите на среќа, во прво читање, измените на Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип, во прво читање.

Членовите на Комисијата треба да расправаат и за Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот ХЕ Бошков мост кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и АД ЕЛЕМ, во прво читање, Годшниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија во 2017 година и Финансискиот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2017 година.лв/са/07:38

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...