• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Министерот Бектеши на средба со пазарџии

Министерот Бектеши на средба со пазарџии

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на пазарџиите ќе им ги презентира подзаконските акти од Законот за трговци на зелените пазари со кои се регулира начинот на организирање на пазарите. 

Средбата ќе се одржи во седиштето на Комората на трговци по што министерот Бектеши ќе ги посети пазарџиите на скопскиот Бит пазар. 

Во Македонија има зелени пазари во над 50 општини и околу 20.000 тезги. Само Скопје брои 13 зелени и еден добиточен пазар. бак/са/07:25

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ