• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Форум за „Бизнис ангели“

Форум за „Бизнис ангели“

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Можностите и потенцијалите во Република Македонија да се воспостави регулатива за инвеститори т.н. „Бизнис ангели“ денеска ќе бидат тема на форум што ќе се одржи во Скопје во организација на кабинетот на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ.

Во рамките на овој Форум особено внимание ќе се посвети врз презентирање на постојната законска регулатива и успешните практики од оваа област во Европа и светот, вклучително и моделот на регулирање на ангел инвеститори во Турција, како и илустрирање на искуства од страна на корисниците и инвеститорите според моделот „Бизнис ангели” во Македонија.скс/са/07:30

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ