• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Бектеши предлага зголемување на тарифите за концесионерите на рудниците

Бектеши предлага зголемување на тарифите за концесионерите на рудниците

Скопје, 31 август 2018 (МИА) – Министерството за економија предлага да се зголемат тарифите што треба да ги плаќаат концесионерите на рудниците за искористување на просторот и експлоатација на рудата.

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, концесионерите за ваквиот предлог се информирани, но допрва ќе се утврдува колкаво ќе биде зголемувањето.

- Како министер сум за да ги зголемиме овие тарифи. Убеден сум дека надоместоците по оваа основа треба да се сменат и тие средства да се наменат за проекти за подобрување на животната средина, здравството и образованието, рече Бектеши пред официјалното отворање на фабриката „Чагатај Кабло“ во индустриската зона „Бунарџик“.

Тој информира дека веќе им е дадено задолжение на службите во Министерството да почнат со подготовка на измените на тарифникот. мч/са/12:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ