• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Работна средба меѓу претседателите на коморите на Косово и Македонија

Работна средба меѓу претседателите на коморите на Косово и Македонија

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Работна средба меѓу стопанските комори и претставници на бизнис заедниците од Македонија и Косово во насока на поттикнување и зголемување на билатералната соработка меѓу двете земји денеска организираат претседателите на Стопанската комора на Македонија и на Стопанската комора на Косово, Бранко Азески и Берат Рукичи.

На работната средба, што ќе се одржи во близина на косовското село Доганај на излезот на веќе завршениот дел од автопатот, предвидено е да се дискутира за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји во делот на инфраструктурата, можноста за развивање заеднички проекти, поттикнување на инвестициите меѓу двете земји и идните активности во рамките на Коморскиот инвестициски форум (КИФ). вј/са/07:37

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ